Салустиано Санчез-Бласкез, 112-годишен самоук музичар, рудар и љубител на џинот, од западен Њујорк, е најстариот маж на светот, било соопштено од Гинисовата книга на рекорди. Тој станал најстар маж откако Јироемон Камура починал во јуни на 116 години. Најстарата личност на светот е Мисао Окава од Јапонија која има 115 години. Роден на 8 јуни 1901 година во едно селце во Шпанија, Санчез Бласкез бил самоук музичар кој се издржувал свирејќи на свадби и други прослави. На 17 години заминал во Куба каде работел на полињата за шекерна трска.
Во САД пристигнал во 1920 година и работел во рудниците за јаглен во Кентаки. Конечно се преселил во Њујорк каде работел градежништво. Се оженил во 1934 година, а после смртта на сопругата најпрво живеел ја ќерката, а подоцна во 2007 година се преселил во старечки дом. Вели дека својата долговечност е резултат на една банана дневно и дневна доза од шест таблети анацин. Неговата ќерка има друга теорија и вели дека тоа било поради тоа што бил независен и тврдоглав. Освен ќерката, имал и син, седум внуци, 15 правнуци и пет чукунвнуци.