Најстариот кубанец, Игнасио Кубиља Банос, прославил во Хавана 111 години. Старецот не обрнува премногу внимание на советите на лекарите, па роденденот го прославил палејќи кубанска пура. Тој некогаш работел во фабрика за шекер, а денес има 11 деца, 40 внуци и 15 правнуци.


Околу него кога ги гасел свеќите на тортата се собрало целото семејство, освен еден од синовите кој живеел во САД, со кој се слушнал преку телефон. Куба спаѓа меѓу земјите со најдолговечни жители и се проценува дека има најмногу стогодишни лица по глава на жител во светот.