Малата сребрена монета за која се смета дека е најстариот германски фенинг е продадена на аукција во Дортмунд за 34.000 евра.
Паричката со тежина од само 1,28 грама најверојатно била изработена во Трирер во Западна Германија под власт кралот Пипин III (714-768).
Бил пронајден во 1981 година во Триер. Експертите сметаат дека е прв примерок од независната валута во Германија.
Последните фенинзи Германија ги укина во 2002 година, кога долгогодишната германска валута марка е заменета со еврото.
Фенингот го купил еден германски колекционер.