После сомневањето дека нешто не е во ред, јапонската полиција го посетила домот на еден од најстарите луѓе на светот во Токио, и открила дека е мртов, и тоа можеби веќе 30 години.
Јапонската социјална помош веќе подолго време се обидувала да го контактира господинот Соген Като, роден во 1899 година, но неговото семејство континуирано тврдело дека нивниот дедо не сака никого да види. Конечно, кога властите станале сомничави, полицијата го посетила неговиот дом, каде што го пронашле неговото мумифицирано тело во креветот, облечено во пиџами и покриено со ќебе. Внуката на покојниот господин вели дека старецот се затворил во собата пред 30 години, а полицијата верува дека наскоро и починал.