Хуана Баутиста де ла Канделариа Родригез од Куба е родена на втори февруари 1885-та година, и во вторникот го прославила својот 125-ти роденден. Гинисовата книга на рекорди сеуште не ја утврдила веродостојноста на нејзиниот роден лист, но најверојатно таа е најстарата жена на светот.
Родригез својата долговечност му ја препишува на чистиот воздух, исхраната богата со месо и зеленчук, како и љубовта на своите најблиски. Нејзината мајка умрела на 100, а татко на 96 години. Куба е позната по големиот број на луѓе кои живеат подолго од 100 години.