Најстарата жена на светот, Бес Купер, во петокот го прославила својот 115 роденден во својот дом во Џорџија. На нејзината роденденска забава бил и претставник од Гинисовата книга на рекорди, кој веќе втор пат и доделува признание дека е најстар човек на светот. – Мислевме дека една потврда е доволна. Мојата мајка има добра меморија, но спие 80% од времето, вели синот на Бес, Сидни Купер (76).


Бес е родена 1896 година во Тенеси, а во Џорџија се преселила за време на Првата Светска Војна. Се омажила за својот сопруг  Лутер во 1924 година, а во брак добиле 4 деца. Денес најстарата жена на светот има 12 внуци од кои има и пра-внучиња, и пра-правнучиња. Таа вели дека ја дочекала својата 115 година бидејќи не се нервира и не јаде брза храна.