Сун Фенчин од Кина, која има 61 година, е наjстарата танчерка на шипка на светот, која станала славна кога на интернет се појавиле снимки со нејзините акробации. Оваа жена со провокативно танцување започнала да се занимава кога и здодеале вежбите Таи-Чи. Случајно на телевизија видела точка на една танчерка и одлучила и таа да се испроба. Таа рекла дека никогаш не може да ја одбие публиката бидејќи го сакала танцувањето на шипка, додавајќи дека најмногу и се допаѓа женственоста и малдалачката енергија на танцот.

Во почетокот  се плашела дека семејството ќе ја отфрли поради нејзиното необично хоби, но нејзините деца, внуци, а посебно нејзиниот сопруг веднаш ја поддржале. Сопругот, кој бил нејзин најголем обожавател, рекол дека не може да биде потполно среќен поради тоа. Повеќе би сакал таа да се занимава со јога, но секогаш ќе и давал поддршка во нејзините одлуки.