Американецот Стив Грубел од Њу Јорк во својата продавница за домашни миленици ја поседува најстарата риба насветот, тамбакуи, која е слична на пираните. Има 43 години, тешка е десет килограми и долга околу 60 сантиметри. Нејзиното име е Баткис, кое го добила по рагби играчот Дик Баткас.


Некои мислат дека аквариумот од 285 литри е премал за неа, но Стив се плаши дека евентуалната преселба би можела да ја убие. Јаде околу 25 златни рипки дневно, а веќе живее двојно подолго од останатите риби од неговата врста. Грубел ја продал во 1968 годиниа, но купувачот ја вратил две години подоцна.