Една 66-годишна жена ќе стане најстарата мајка во Британија. Станува збор за разведената бизнисменка Елизабет Адини, која е трудна во 8-ми месец, а затруднела со помош на вештачко оплодување. Оваа вест предизвикала расправии за етичноста на овој потег, односно до која старосна граница треба да се има деца. Според специјалистите за жените постари од 63 години е опасно од психолошки аспект, а што се однесува до медицинскиот аспект не би имало проблеми ниту на 80 години.
Од клиниката во која било извршено оплодувањето велат дека единствен критериум е желбата за дете, а не и возраста. Исто така се спомнува и фактот дека никој не ги осудува мажите кои стануваат татковци на 60 и повеќе години, а кога станува збор за жените се крева голема врева.