Мисао Окава, јапонката за која се верува дека најстара личност на светот, денес наполни 116 години со бела торта украсена со свеќички и јагоди. Родена 1898 година, кога САД ги анексирале Хавајските острови, се појавил новиот пијалок Кока Кола, а бродот Мејн експлодирал во пристаништето Хавана. Примајќи букет цвеќе на мала забава во старечкиот дом во Осака, Окава, облечена во розе кимоно и со црвен цвет во косата, уживала во тортата за која подовна рекла дека е вкусна.

На прашањето на локалните новинари дали е среќна што толку проживеала, Окава рекла „на некој начин“. Родена е на 5 март 1898 година како ќерка на трговец во Осака. Се омажила 1919 година. Две од нејзините три деца се и понатаму живи и сега се во своите деведесетти години. Позната е по добриот апетит, а едно од омилените јадења и е сашими, или сирова риба. Од смртта на 116-годишниот Јироемо Кимура во јуни 2013 година прогласена е за најстара личност на светот. Јапонија е една од најдолговечните нации со повеќе од 54 илјади стогодишни жители.