Флоренс Детлор има 101 година и воедно е најстарата личност која го посетила седиштето на Фејсбук и се сретнала со Шерил Сандберг, оперативен директор и Марк Цукенберг, оновач и извршен директор на компанијата.

Шерил на својот профил на Фејсбук објавила слика со Флоренс и Цукенберг и напишала дека и било чест што се запознала со најстарата корисничка на нивната социјална мрежа.
Интересен е фактот дека демографската група со најголем раст на социјалната мрежа во последните две години се состои од жени постари од 55 години.