Еден од постоечките 11 примероци на првата книга печатена во САД, “Bay Psalm”, бил продаден за рекордни 14,2 милиони долари во вторникот на аукција во Сотби, Њујорк, со што бил поставен нов рекорд за некоја печатена книга. Иако претходно било очекувано дека ќе достигне цена до 30 милиони долари, книгата била продадена за двојно помал износ, но брзо ја прескокнала досега најголемата цена од 11,5 милиони долари која во 2010 година била платена за “Birds of America” на Џон Џејмс Аудубон.

“Bay Psalm” ја купил американскиот бизнисмен и филантроп Дејвид Рубенштајн. Според соопштението на Сотби, Рубенштајн планира да ја позајмува во библиотеките ширум земјата пред долгорочно да ја позајми на една од нив. Книгата е печатена во 1640 година во Цембриџ, Масачусец. “Bay Psalm” е една од најтерките книги на светот е продадениот примерок е еден од подобро сочуваните. Изворно била печатена во 1700 примероци. Сопственикот на книгата, бостонската Old South Church ја продала како би ги покрила трошоците за обнова. Црквата во своја сопственост има уште една копија на книгата.