Најстарата американка, една од малкубројните живи луѓе родени во 19 век, го прослави 115. роденден. Џералин Толи, родена на 23 мај 1899 година, според геронтолошката истражувачка група, е втората најстара личност на светот. Таа минатата година одела на риболов, а и понатаму шета со помагало.
На својот роденден таа посетила лекар, иако вели дека не се чувствува болно. Оваа жителка на Мичиген планира да го прослави роденденот со семејствоти и пријателите во недела во црква. Нејзиниот одговор на прашањето за долговечноста не се менува со години. Вели дека се е во рацете на добриот Господ. Најстара личност на светот е јапонката Мисао Окава, стара 116 години.