Една 67-годишна жена од Шпанија родила  близнаци, а според претставниците на болницата во Барселона постанала најстара мајка на светот.
Жената чие име не е обелоденето, останала бремена после третман за плодност во Латинска Америка. Таа родила близнаци, кои се сместени во инкубатор, после царски рез рано во саботата. Жената е прв пат во животот мајка, а според докторите состојбата и на мајката и на децата е сосема нормална.
Жената е една година постара од досегашната „рекордерка“, романката Адриана Илиеску која се породила во јануари 2005 на 66 години.

извор:
BBC news