Најсовремените методи и техники од областа на денталната имплантологија веќе неколку години наназад се достапни и во Охрид, благодарение на Стоматолошката ординација „Денторија“. Со својата подготвеност, искуство и стручност, д-р Ертан Омеров кој раководи со тимот на оваа ординација, полека но сигурно ја освојува довербата на пациентите и се позиционира во друштвото на најбараните имлантолози во  Македонија.

Тој објаснува дека иако во текот на изминатите пет години има поставено над 1.000 дентални импланти, неговите амбиции во областа на стоматологијата се многу поголеми.

-Бидејќи дипломирав на Истанбулскиот универзитет во Република Турција имав можност да видам и да научам како се работи во тие услови, затоа што Турција е една од земјите каде се користат врвни техники во стоматолошките процеси и секако во имплантологијата. Искуството кое го стекнав таму постојано се трудам да пренесам и во наши услови и сметам дека од она што досега го имаме сработено и низата задоволни пациенти говори дека нашата ординација е на добар пат и се движи во многу позитивна насока, од што сум многу задоволен. Но секако не застануваме тука и имаме сериозен план и понаму да се развиваме и усовршуваме во делот на поставувањето на импланти, како и во другите стоматолошки третмани, вели д-р Омеров.

Тој објаснува дека иако веќе ги поседува најзначајните сертификати од делот на денталната имплантологија, за да биде во тек со сите новини и современи процедури, активно учествува на сите конгреси, семинари, курсеви и обуки во странство. Последната обука за имплантологија на која учествал д-р Омеров, се одржала изминатата седмица во Хинтерглем, Австрија.

-Овој шестдневен курс, чија основа беше интеракивната и практична настава, беше наменет за доктори кои веќе работат или сакаат да се насочат на поставување на импланти. Еден од обучувачите на курсот беше проф. д-р Мартин Лоренцони, кој е еден од најврвните инплантолози во светот. Исто така на курсот предвачи беа и д-р Кристофер Перт, д-р Гернот Вајмер, д-р Маркус Хурзелер и Ото Зухр, а на курсот учествуваа имплантолози од голем број светски земји. Јас бев дел од курсот заедно со мојот колега д-р Љубо Јолевски од Охрид. Искуствата кои ги стекнав таму ќа значат многу во мојата понатамошна работа во делот на имплантологијата, вели д-р Омеров.

Тој потенцира дека поставувањето на импланти е безбеден и безболен процес и доколку правилно се постават не постои опасност од никакви компликации.

-Имплантите се титаниумски штрафови или клинови кои хируршки се поставуваат во виличната коска. Штрафот е многу стабилен во коската и на него потоа се поставува коронка со што се добива вештачки заб со многу природен изглед. Имплантот, всушност, го заменува коренот на изгубениот заб, со што на него ќе може да се постави коронка. Со импланти можат да се заменат еден, неколку или сите заби во устата. Може да се користат како потпора за поединечен заб, за фиксни мостови, за парцијални или комплетни протези, појаснува д-р Омеров.

Тој истакнува дека освен на домашни пациенти, многу често поставува импланти и на странски пациенти, кои освен за стоматолошките и протетските, се повеќе се интересираат за имплантолошките третмани, бидејќи македонските цени се многу ниски во споредба со странските земји.

За привлекување на странките туристи, Стоматолошката ординација „Денторија“ има разработено содветна стратегија во делот на денталниот туризам, а во текот на изминатиов период биле третирани голем број пациенти од западноевропските земји и Австралија.

Е.М