Еден индус е прогласен за најсмрдливиот човек на светот откако признал дека не се капел 37 години. Калиас Синг има 65 години и живее во градот Чатава во Индија. Изјавил дека свештеникот му рекол дека бог ќе го награди со син доколку престане да се капи. Тој изјавил дека нема син и поради тоа нема никогаш да се искапи. На неговата сопруга тоа не и се допаѓало, но морала да го поднесе.


Рекол и дека нема да ја промени својата одлука, иако никој не го разбирал, бидејќи станувало збор за божја одлука. Неговата сопруга плачела кога нејзиниот сопруг и кажал дека никогаш повеќе нема да се искапи. И покрај неговата одлука, Синг и понатаму не добил син, а веќе имал седум ќерки.