Тортата „Св. Јован Бигорски“ на слаткарницата „Палма“ ја освои првата награда на традиционалната охридска “Тортијада“, што деновиве по 14 пат ја организираше женскиот центар „Бисера“.

Втората награда ја освои слаткарница,,Бајадера“ за тортата „Охрид“, а третата награда му припадна на ресторанот „Драго“ за тортата „Катерина“.

Сите изложени торти беа продадени на аукција, а средствата се наменети за поддршка на женскиот центар „Бисера“ и СОС центарот.

Првонаградената торта беше купена од слаткарницата „Палма“ која ја изработи и истата ќе биде донирана на манастирот Св.Јован Бигорски.

Покровител на годинешната манифестацијата беше директотот на центарот за обука „ПИСИ“  Јасмина-Младеновик-Јанева.

Ohridnews