Финото виски со име “Aisla T’Orten Master of Malt” било прогласено за насјкапо шише виски на светот. Било откриено од шкотски историчар пред осум месеци, и неговата вредност во овој момент изнесува 870 илјади фунти, односно 1,4 милиони долари. Оваа цена досега не била достигната од ниту еден пијалок. Вискито има 105 години и било дестилирано 17 февруари 1906 година во “Aisla T’Orten” дестилеријата во Хајлендс во Шкотска. Било чувано во буре кое поголемиот дел од времето го поминало во подрумот на историчарката Али Сисли.


Али Сисли бурето го продала на компанијата “Master of Malt” минатата година, а вискиот било флаширано овој март. Во октомври минатата година дестилеријата од Шкотска направила нов рекорд кога пордала две од најскапите три шкотски виски “Dalmore 64 Trinitas” за 160 илјади долари. Подоцна, минатиот ноември во Њујорк било продадено 64 години старо шише “Makalana”, кое било флаширано во прекрасно уникатно “Lalique” кристално шише. Неговата цена изнесувала 460 илјади долари.