За британскиот моден креатор Александар Амосуа економската криза не постои. Тој се подготвува во Лондон наскоро да ја претстави својата најнова креација- машко одело вредно 70 000 фунти. Амосу креира луксузни предмети за богати и славни.


Скапоценото одело е сошиено од најфини ткаенини произведени од ретки видови волна на арктички и јужноамерикански животни, а е украсено со копчиња од 18 каратно злато со дијаманти. За де се сошие биле потребни 80 часа и 5000 поединечни потези. Според последните информации некој веќе го резервирал оделото.