Едно луксузно мексиканско одморалиште на своите гости им го претставило најдоброто, а веројатно и најскапото лижавче кое некогаш имале можност да го пробаат. Неговата цена изнесува околу 1000 долари. Десертот всушност претставува смрзната висoкоквалитетна текила, која се плаќа по 1500 долари за едно шише. Наместо сол, со што вообичаено текилата се конзумира, во лижавчето е додаден шекер.
Во понудата со лижавчето има и 24 каратно злато, а се сервира покрај базен на пластично стапче и со неколку чоколадни монети. Управникот на одморалиштето, Маркус Лос Кабос во Баха Калифорниа Суру рекол дека е уверен во популарноста што ќе ја постигне лижавчето меѓу гостите.