Иако не го сервираат со златни листови, компирот „La Bonnotte“ е најскапиот компир на свето, јавуваат медиумите. Еден килограм од овој деликатес чини незамисливи 480 евра, но не поради посебниот изглед, туку поради фактот што е исклучително редок. Од земјата го вадат рачно, бидејќи е пречувствителен да го ископуваат машински.


Го одгледуваат само во Ноирмотиер, островче на крајот на западниот брег на Франција. Годишно се произведуваат само по сто тона и се послужува само во луксузни ресторани. Постојат само неколку одгледувачи, кои го садат на пролет, а го ископуваат на есен. Како ѓубриво користат само трви и алги, кои му даваат посебен вкус. Вкусот се задржува само првиот ден по ископувањето, па затоа целиот род веднаш се извезува во луксузните ресторани.