За типичните туристи оваа година би можело да биде единствена прилика да уживаат малку во добри хотелски апартмани со пристојни цени.
Меѓутоа има и такви хотели кои мислат дека за луксузот кој гостите го добиваат во апартманите треба да платат многу висока цена.
Во текот на 2009 година голем број на хотели ги покачија цените на своите апартмани за десет отсто, а некои ги покачија за два пати повеќе.
Во Њујоршкиот хотел „Фоур Сеасонс“ има батлер кој ве служи цел ден со најскап прибор, спа – третмани кои ќе ве чинат „само“ 35.000 американски долари.
За едно ноќевање во Шахи Махал во претседателскиот апартман во „Рај Палаце“ хотелот во Индија посетителите мора да одвојат 40.000 долари, додека ноќевањето во кралската вила „Гранд Ресорт Лагонисси“ ќе ве чини 50.000 долари.
Сепак рекордот го држи кралскиот апартман во „Пресидент Њилсон“ хотелот во Женева , каде што гостите овде можат и да се забарикадираат позади заштитната врата и да ги набљудуваат посетителите на телевизија, и тоа се за 65.000 долари за ноќ.
извор:„Макфакс“