Гај Лалиберте, основач на Цирку ду Солелила, заедно со Светската Покер Серија објавил дека планираат да организираат турнир во покер на кој можат да учествуваат сите кои на почетокот ќе уплатат милион долари. Играта ќе има име ‘The Big One for One Drop’, а ќе започне на почетокот на наредната година во Лас Вегас.


Ќе учествуваат вкупно 48 играчи, а веќе 14 познати играчи на покер во светски рамки го потврдиле своето учество. Лалиберте изјавил дека и самиот има намера да учествува на турнирот, а додал и дека никој до сега не успеал да собере толку играчи кои се спремни да платат по еден милион долари за да учествуваат во играта.