Еден луксузен апартман во Хонгконг само неколку дена пред Божик е продаден за рекордни 594,7 милиони хонгконшки долари, или 76,7 милиони американски, станувајќи така најскап стан во тој град, а можеби и во Азија, јавуваат локалните медиуми. Неидентификуваниот купувач платил повеќе од 13 илјади долари за метар квадратен од станот со вкупна површина од 532 квадратни метри во резиденционалниот кварт Мид-левелс.
Овој стан, сместен на 46. кат со поглед на легендарното пристаниште Викторија, имал каталошка цена од 646,46 милиони хонгконшки долари на официјалната интернет страница на градежната компанија Хендерсон ленд пропертис. Цената по која е продаден го надмина претходниот рекорд од 470 милиои хонгконшки долари за колку е продадена една луксузна стамбена единица која го зазема целиот осми кат на една 12-катна резиденцијална зграда, која во 2012 ја дизајнира архитектот Френк Гери, добитник на Прикеровата награда за архитектура.