Најскапиот дом на светот наскоро ќе биде стан во Њујорк од 1000 метри квадратни со стаклени ѕидови и поглед на Централ Парк вреден 110 милиони долари. Зградата моментално била во изградба, а шесте спални соби ќе се простираат на повеќе од 1000 метри квадратни. Исто така станот ќе има 17 метри широк салон над Централ Парк.

Квадратен метар за овој стан чини околу 110 илјади долари. Ќе се наоѓа на врвот на зградата One 57 која ја дизјанирал францускиот архитект Кристијан Портзампар и ќе има 95 станови. Стамбените погодности ќе подразбираат чувари, вратари, паркинг, голем затворен базен, џакузи, библиотека, кетеринг кујна, уметничко атеље, фитнес центар, студио за јога и просторија за капење на домашните миленици. Оваа луксузна зграда ќе биде вселива од 2013 година.