Најскапиот сапун на светот од 2800 долари произведен е во Либан, а во неговиот состав се наоѓаат 17 грама злато во прав и три грама дијаманти во прав. Дали некогаш сте сонувале да ги миете рацете со сапун од злато и дијаманти? Сепак ова задоволство ќе ве чини ни помалку ни повеќе туку точно 2800 долари. Генералниот директор на фирмата која долги години се занимава со производство на сапун во главниот град на Либан, Бејрут, Ахмед Хасун, рекол дека производството на сапунот, кој го нарекле „Катар“, траела месец и половина.
Хасун додал дека сапунот бил произведен како на лицето би дал свежина и виталност. Според неговите зборови, во составот на сапунот се наоѓаат и различни природни парфеми и етерични масла. Хасун објаснил дека првиот произведен сапун ќе биде изложен на саем во Катар. Потоа ќе биде подарен на сопругата на катарскиот емир Сејха Моза, која им дала поддршка за неговото производство. Додал дека наскоро ќе почнат со масовно производство.