Еден хотел во Њујорк нуди посебен омлет во кој можат да уживаат само оние со подлабок џеб. Иако многумина од нас не би платиле 1000 долари за омлет, токму таа е цената по која се нуди во еден њујоршки хотел.

„Zillion Dollar Frittata“, како што му е името, е посебен бидејќи една од состојките е скапоцен кавијар од видот севруга, еден од најфините и најскапи кавијари на светот. Покрај кавијарот содржи и шест јајца и цел јастог.