Според пишувањето на американското списание „Форбс“, Балдакино креветот е најскапиот кревет на светот и чини околу 6,4 милиони долари. Го дозајнирал британецот Стјуарт Хјуџис, а го направиле италијанските производители на мебел “Fratelli Basile Interiors of Nocera Superiore”.
Креветот бил направен од дрво на костен и цреша, во кој биле изгравирани златни листови. За тие листови биле употребени околу 107 килограми чисто злато. Финиот дел е направен од сомот, а сето тоа е надополнето со постелнина и завеси од најфина италијанска свила.