Еден бар во Виена има намера на 7 јануари на гостите да им го понуди еден од најскапите коктели на светот. “Planters” клубот на своите гости ќе им го понуди коктелот „Дијамантот на Плантерс за елитата“, кој се состои од водка и шампањско, по цена од 55 евра. Вкупно ќе бидат направени само 55 чаши од овој пијалок, а чашите ќе бидат од кристал, со златна декорација и ќе можат да се однесат дома.
Главната причина за рекордно високата цена е водката марка „Столичнаја“, за чие производство се користи вода од мразот на Хималаите. Шише од оваа водка чини околу 3000 евра, и ширум светот се полнат само 300 шишиња. Како што е најавено, еден дел од приходот ќе биде наменет за организацијата за заштита на животната средина „Вотеркипер Алајанс“.