Имитаторите на Џејмс Бонд ќе можат за 20 илјади фунти да го добијат најскапиот клуч за автомобил на светот. Раскошната направа за отклучување на Астон Мартин се наоѓа во механизмот на еден часовник. Реагира на допир. На осум и девет вратата се отклучува, а на спротивната страна се заклучува.


Допирот на двете страни го активира палењето на светлата за полесно наоѓање на автомобилот. Дизајнерите од Јегер-ЛеКолтре се намачиле за да го смалат транспондерот кој испраќа сигнали кон автомобилот. На клучот работеле цели 18 месеци. Сепак Џејмс Бонд никогаш нема да има ваков клуч бидејќи има договор со Омега.