Последната кулинарска креација на британскиот шеф на кујна Енди Бејтс ја понела титулата – најскап кебап на светот. Кебапот, кој Бејтс го направил поради промоција на неговото појавување во емисијата The Great Food Truck Challenge, чинел 750 фунти.
Сите состојки vo кебапот биле најдобри и најскапи во своите категории, од компирот до јагнешкото месо. Се разбира, како и останатите јадења рекордери, и овој кебап бил украсен со листови од злато кои се јадат. Но, сепак, најскап додаток бил преливот од јогурт, во кој поради пенливост бил додаден супер луксузен шампањ, од кој едно шише чини околу 250 фунти.