Моментално најскапата куќа која може да се купи на американскиот пазар се наоѓа на Беверли Хилс, а се продава за неверојатни 195 милиони долари. Куќата со голем посед е наречена „Palazzo di Amore“, а за споменатата цена купувачот, помеѓу останатото, ќе добие 12 соби, 23 тоалети, сала за танцување во рамките на центар за забава кој може да угости до 250 лица, гаража за 27 автомобили и паркинг за дополнителни 150.
Столбовите во вилата се рачно насликани, подовите во поголемиот дел се стаклени, ѕидовите преслечени со свила, а на поседот се наоѓаат и спа центар, лозје, тениски терен, водопад, и се разбира, голем базен, пренесуваат американските медиуми. Во споредба со овој имот, најскапиот љујоршки пентхаус од 95 милиони долари изгледа како детска игра.