На стадионот на безбол тимот „The Brockton Rox“ наскоро ќе почне да се продава најскапиот хот дог на светот, кој ќе чини 80 долари. Иако многу американци сметаат дека за виршла во кифла премногу е да се платат и седум долари, тие наскоро ќе имаат можност да го пробаат најскапиот хот дог на светот, доколку се согласат за него да издвојат 80 долари. Професионалниот безбол тим ќе почне да го продава овој хот дог на 23 јули, кога е и националниот ден на хот догот.


Се разбира, овој пат една од омилените врсти брза храна меѓу американците нема да биде припремена на вообичаениот начин. По пржењето, триесет сантиметри долгата виршла ќе биде натопена во масло од тартуфи, а потоа ќе биде ставена во мелени вргани. Преку неа ќе биде ставен бел тартуф, и за крај, сето тоа ќе биде прекриено со посебен крем. Како прилог ќе биде служен кавијар. Ако се мине според планираното, овој хот дог ќе влезе во гинисовата книга на рекорди како најскап на светот.