Доколку мислевте дека виршла во лепче не може да чини повеќе од две евра, сте се излажале. „Гинис“ официјално го прогласил најскапиот хот дог на светот чија цена изнесува 130 евра. Виршлата од 30 сантиметри полнета е со кашкавал и прекриена со кавијар, паштета од гуска и црни тартуфи.
Јуџин Ву, Самсон Квонг и Роки Ве потрошиле година дена смислувајќи го рецептот за овој специјалитет. Сега овој хот дог го продаваат во комбе за брза храна во Сиетл, а првиот кој го пробал е Алан Ченг од Калифорнија. Сопствениците на „Токио дог“, како што се вика подвижниот ресторан, сите приходи од продажбата на специјалната виршла ги донираат во Црвениот крст.