Италијанската модна креаторка Алберта Ферети го направила најскапиот вечерен фустан на светот, кој чини 700 000 долари.


Каролина Груози-Сојфеле и Алберта Ферети го осмислиле фустанот-накит од свилен муслин со боја на јоргован, на кој се наоѓаат скапоцени камења (дијаманти, рубини, смарагди) од 2.904 карати. Уникатното парче облека ќе биде дадено на продажба на аукција на хуманитарната свеченост на америчката фондација за борба против сидата amfAR, на 22 мај во Кан. Аукцијата ќе ја води америчката глумица Шерон Стоун.