Индискиот милијардер Мукеш Амбани во својот облакодер Антилиа организирал забава за вселување во својот најскап дом на светот. Околу 80 најбогати и најугледни индијци се собрале во неговата штотуку завршена зграда висока 174 метри. Во најголемиот салон во зградата, каде била организирана забавата се стигнувало со посебен експресен лифт.


Мукеш со сопругата и трите деца живее на вкупно 27 ката, од што шест ката заземаат гаражи, базен и кино. За одржување на својот дом ќе вработи вкупно 600 луѓе. За првиот месец станување во зградата потрошил струја колку просечни 7000 индиски домаќинства. Амбани е сопственик на најголемата индиска приватна енергетска компанија. Според списанието Форбс тој е најбогатиот индиец со богатство кое се проценува на 27 милијарди долари.