Најскапиот дијамант на светот се продава по цена од неверојатни 33 милиони долари. Познат и под името „L’Incomparable “, или во превод неспоредлив, својот нов сопственик ќе го бара овој месец. Дијамантот од 407 карати е дел од златна огрлица опточена со уште 90 бели дијаманти од речиси 230 карати.

Жан Наср, директорот на луксузната златара Моувад, која ја изработила оваа огрлица, изјавил дека има неколку потенцијални купувачи, кои сеуште не ја виделе огрлицата во живо, но не се сомневале дека некој ќе ја препознае вистинската вредност на дијамантите. Дијамантот со совршена чистота бил пронајден од едно девојче во рударски отпад пред речиси 30 години во Демократска Република Конго.