Дефинитиво најскапиот апартман на светот се наоѓа во хотелот “President Wilson” во Женева. За да уживате во овој луксуз, потребно е да издвоите дури 80 илјади долари за една ноќ. Од оваа соба се излегува на тераса од 1700 квадрати, од која има спектакуларен поглед на Женевското езеро. Исто така во овој кралски апартман можете да свирите на Стеинвеј клавир, да се капете во мермерно џакузи и безбедно да спиете бидејќи прозорците се отпорни на куршуми.

 

Некои од најбогатите луѓе на светото се одмарале во овој апартман, вклучувајќи ги и Мајкл Џексон, Ричард Бренсон, Ријана и Бил Гејтс. Во овој апартман ексклузивните парфеми се користат како освежувачи за простории, а во него освен во џакузите гостите можат да уживаат во приватна теретана и билијард.