“Sublimotion”, ресторанот во кој вечера чини 1560 евра по лице, се наоѓа на Ибица. Го поседува ѕвездата на кулинарството, шпанецот Пако Ронсеро, кој го нарекуваат и шпанскиот Хестон Блументал. Ова е неговиот најнов ресторан. Неверојатната цена ја објаснува со речиси театарското искуство, цената на самото уредување, квалитетот на храната и 27-те вработени. Храната е фантастична, а во овој ресторан можат да вечераат само 12 лица истовремено.
Ресторанот покрај доживувањето на храната и просторот ќе ги разбуди сите сетила и ќе ве одведе на друг свет. Вечерата се состои од 20 делови јадење, а во еден момент затемнетото стакло станува проѕирно и гостите можеле да ги видат 27-те вработени како забрзано работат како би ги послужиле јадењата во дваипол часовниот перформанс. После тоа просторијата се затемнува, а гостите биле одведени во друга соба, која била целосно поинаку уредена, а келнерките биле облечени во склад со тематиката на собата. Токму тоа е и идејата на шефот, комплетната околина да биде во склад со она што го јадете, од изгледот на масата, ѕидовите, па се до келнерите.