Како би ја подобрил понудата на својот италијански ресторан во Њујорк, сопственикот Нино Селимај вовел екстравагантна пица која чини неверојатни 700 евра. Најверојатно најскапата пица на светот освен тестото не содржи ништо друго што содржи класичната пица. Ова „парче рај“, како што го нарекува Селимај, содржи четири видови најквалитетен кавијар, тенко сечена опашка од јастог, лосос и сос Васаби.


Сопственикот е свесен дека неговата креација не е за сечиј џеб, но и дека постојат многу луѓе кои можат да си ја дозволат оваа скапа пица. Пред рецесијата продавал една пица неделно, а сега во најдобар случај продава една месечно. Оние кои ја пробале велат дека е многу вкусна, но и дека сите состојки освен тестото, кое се прави од увезено италијанско брашно, не се варат или печат.