Сопственикот на една пицерија во Неапол ставил во своето мени пица од 1800 евра, со која се надева дека ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди. Од пред неколку седмици, пицеријата Клаудија Камилерија во Неапол станала вистинска атракција, бидејќи во нејзиното мени се наоѓа најскапата пица на светот.


Доколку сакате да ја пробате оваа пица, на чие тесто се наоѓаат бели тартуфи, листови од 24-каратно злато и првокласна моцарела, морате да ја нарачате седум дена однапред, и тоа во периодот од мај до октомври, односно во сезоната за берба на тартуфите.