Паласовата мачка е најзагрозена врста од овие цицачи на светот, а природното живеалиште и е во Централна Азија. Она по што се разликува од другите мачки е тоа што има тркалезни зеници, кратки нозе и рамно лице. Поради таквата физиономија, овие мачки умеат да прават навистина пресмешни гримаси. Нивното живеалиште се наоѓа на 5000 метри надморска височина, поради што имунитетот им е ослабен, бидејќи не се толку изложено на вирусни инфекции.
Поради тоа, имаат голема стапка на смртност, посебно ако луѓето ги чуваат дома. Иако е многу симпатична, нејзината природна самосталност и навика за живот на голема надморска височина и во дивина ја прават многу чувствителна на живот каков што водат обичните мачки. Поради ова, паласовата мачка е најскапа мачка на светот и е забранета во зоолошките градини, па до неа се доаѓа само преку криумчаите на животни.