Фотографијата „Рајна 2“ на германскиот фотограф Андреас Гурски постигнала рекордна цена од 4,3 милиони долари на неодамна одржаната аукција во њујоршкиот „Кристи“. Симтеричната композиција на хоризонтални линии во две бои, на која е прикажан брегот на реката Рајна, датира од 1999 година, а била изложена во Њујорк во Музејот на модерна уметност, во Минхен и во Берлин.
Досегашниот рекорд го држела фотографијата „Без наслов“, чиј автор бил американскиот фотограф Синди Серман, и која во мај оваа година била продадена за 3,89 милиони долари. Гурски е посебно ценет меѓу ексцентричните купувачи на уметнички дела и веќе неколку пати соборувал рекорди со цените постигнати за неговите дела.