На саемот за часовници и накит во Доха ја претставиле, според Гинисовата книга на рекорди, најскапата чанта на светот вредна 2,7 милиони евра. Чантата во облик на срце била дизајнирана од Роберт Муавад.
Изработена била од 18 каратно злато и 4517 дијаманти од кои 105 жолти, 56 розе и 4356 безбојни. Уметниците на украсување на чантата потрошиле 8800 работни часови. Модната куќа Муавад ја основал Дејвид Муавад 1890 година. Куќата 2003 година го дизајнирала најскапиот градник на светот кој го носела манекенката Хајди Клум.