АД „Жито Леб“ Охрид, деновиве, ја прошири продажната мрежа со отварање на уште еден млечен ресторан од брендот „Bake & Cake“, овојпат во Струга.
Новиот млечен ресторан на АД „Жито Леб“ во Струга, се наоѓа во непосредна близина на средношколскиот образовен центар „Нико Нестор“.
Стружани и гостите на ривиерата во новиот млечен ресторан ќе имаат можност да пробаат од вкусните пецива, традиционалниот варен ѓеврек, слатки и други прехранбени производи од најголемиот пекарски бренд во земјава.
Инаку, во тек е и големата промотивна акција на најголемиот производител на леб и печива, „Жито Леб“, во која со секој купен леб Т-500 од 550 грама, следи гратис француски леб од 140 грама.
OhridNews