Холивудскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит се во голема кавга. Причина за тоа е поранешната сопруга на Бред, Џенифер Анистон. Имено, Бред и рекол на Анџелина дека доколку таа ги повика поранешните сопрузи на свадбата, и тој ќе ја повика Џенифер, на што Анџелина многу се налутила. Холивудските медиуми јавиле дека кога Анџелина му рекла дека ќе ги повика Били Боб Торнтон и Џони Милер на свадбата, Бред извел контранапад.
Извор близок на парот рекол дека Бред мислел дека тоа е знак за непочитување кон него, на што рекол дека и тој ќе ја повика Анистон. Тоа било крај на кавгата помеѓу него и Џоли. Сепак, нема простор за паника, бидејќи Џенифер нема намера да оди на свадбата бидејќи и е доста што секогаш прашуваат за неа. Конечно е среќна покрај новото момче и не сакала да ја расипува идилата.