Лорин Јурисек, шминкерка од Менхетн, е прогласена за најпосакувана жена на интернет. Имено, таа на страницата за барање љубов „ОК Купид“ дневно добива и до 35 покани за состанок. Популарноста нагло и пораснала откако „Њујорк Тајмс“ во февруари оваа година ја сврстил меѓи четирите најпосакувани деојки во градот.

Таа раскажала дека добива бизарни пораки и понуди, а сите ги собрала на Тумблр профил кој неодамна го отворила. Моментално не е во врска, и вели дека во последно време не била на многу состаноци. Рекла дека запознала момци кои се обидувале да ја бакнат само десет минути откако ја запознале. Многумина лажеле за својот живот, а најчесто и за изгледот. Признала и дека запознала мажи кои многуи се допаднале, но не сакале повторно да излезат со неа.