Британката Керол Хорлок досега родила осум девојчиња и четири момчиња, меѓу кои и близнаци и тројки. Но, Керол е повторно бремена и го чека “среќното тринаесетто дете”. Оваа храбра 45 годишна жена изјавила дека еден италијански пар ќе ја преземе грижата за детето, а таа самата е многу среќна што ќе им донесе принова во семејството, пренесува Дејли Меил.

На нивните лица е забележително колку се радуваат на приновата. Тоа е причината поради која што го правам ова“, истакнала Хорлок.
Керол со поимот сурогат мајка се запознала прв пат во 1995 година кога прочитала статија поврзана со тоа во весник и во тој момент одлучила да им помогне на паровите кои што не можат да имаат деца. Тие неа, кажува, обично и ги подмируваат трошоците кои што се движат околу 10.000 и 15.000 фунти. Тврди дека не се работи за парите, туку во помагањето.
Таа има само една молба после пораѓањето, а тоа е родителите еднаш годишно да и испратат фотографија од децата. Но, сурогат мајчинството секогаш не го следат само добри работи, па така нејзиниот татко со неа не разговара затоа што смета дека таа ги дава неговите внуци.