На островот Иља Кеимада, 32 километри од брегот на Сао Паоло во Бразил, живеат околу 4000 примероци на најсмртоносната змија на светот. Златните змии, или „Bothrops insularis“, фаќаат птици во лет и ги убиваат со отровот кој е толку јак што може да спржи човечко месо. Поради големата опасност, бразилските власти забраниле посети на островот, кој  непромислените авантуристи желни за возбудување често го посетувале. Иља Кеимада, познат како „Остров на змиите“, зазема површина од 430 квадратни километри и е единственото место на светот за кое е познато дека на него живее врстата „Bothrops insularis“. Вистинска среќа, бидејќи овој влекач важи за најотровна змија на светот. Денес на островот имаат пристап само неколкумина научници кои ги проучуваат змиите, а ловокрадците доаѓаат да ги ловат отровниците, чија цена на црниот пазар достигнува 30 илјади долари.

Како оваа змија која не се разликува премногу од своите роднини на копно, станала толку смртоносна? Преовладува теорија дека нивото на морето пред 11 илјади години пораснало и дека тогаш островот се одвоил од континенталниот дел на Бразил. Изворите на храна на островот биле сведени на минимум, па змиите се хранеле со птици преселници. Но, бидејќи змискиот остров делува со извесно задоцнување, понекогаш и од неколку дена, птиците, кога ќе почнел да делува, веќе биле далеку од островот. Научниците веруваат дека е тоа причината поради која оваа змија почнала да лачи отров кој бил толку јак што убивал речиси во моментот. Отровот на Златните змии е дури пет пати појак од отровот на другите змии и може да спржи човечко месо.