Компанијата „Зафиро“ дизајнирала специјален брич, за кој тврди дека е поостар од било кој досега достапен брич на пазарот. Единствениот брич, чија дршка е направена од 99,9 процентен иридиум, а острица од сафир преработен во украинска лабораторија, според зборовите на производителот, е најостриот брич на светот.


Се прозиведува во ограничена серија од 99 парчиња, од кои секое има свој сериски број, а купувачите имаат можност да изгравраат напис по своја желба на дршката. Производството се врши со посебни методи со помош на нанотехнологија и ракетни мотори. Од “Зафиро“ тврдат дека бричот ќе остане подеднакво остар околу една година, а нудат и услуга за чистење и острење во период од полни десет години. Цената изнесува неверојатни 70 илјади евра.